Event

Вечерен РЕсет со @elenabubalo Vol.4 & повеќе!

Advertisement

РЕсет со Елена Бубало е веќе наша РЕдовна практика. Овој пат имаме повеќе од само фитнес сесија, подгответе се за вечер полна енергија, музика и движење!

🕕 Програма:
• 18:30 – Загревање со DJ Brick
• 19:15 – Елена Бубало ја презема „палката“ и дополнително нè размрдува, а DJ Brick останува на сцената за музичка мотивација
• 20:15 – Движењето продолжува со DJ Aleksandar Jordanov, кој ќе остане со нас до 22:00 часот

🥤 За освежување побарајте ги Avenue Coffee Skopje и одберете некој од нивните свежо цедени сокови и смутија.
💪Вежбачите ќе добијат енергетска поддршка од Healthyish.
🌿 Во РЕ зоните на Реплек ќе може да добиете препораки за добросостојба и совети за РЕсет на умот, телото, кожата и насмевката.

Без изговори, на 28.06.2025 (сабота) со почеток во 18.30 часот бидете во Паркот на Франкофонија во Скопје. Повторно РЕзервиравме детско спортско катче за деца до 6 години, а поголемите слободно може да се приклучат на вежбите!👶
пРЕпорачано за:
• Посветени вежбачи
• Почетници кои бараат мотивација
• Љубители на добра музика и позитивна енергија
• Секој што сака да направи ментален, физички и емоционален РЕсет

Настанот е дел од серија бесплатни настани и работилници кои Реплек ги РЕализира како дел од РЕсет - платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила.

📩 Сите вежбачи треба да се пријават на следниот линк, останатите само дојдете и уживајте.
👉 https://shorturl.at/L9IWe



Advertisement
Share with someone you care for!

Best of Skopje Events in Your Inbox